english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2011

 

 Karolina Kocoska, Ilija Risteski pdfs/vol 61 7-12 2. 86-94p.pdf

 

INDICATOPRS OF PURCHASED QUANTITIES OF TOBACCO TYPES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

Snezana Stojanoska

University”St.Kliment Ohridski”-Bitola, Scientific Тobacco Institute-Prilep, Kicevski pat,bb,

Republic of Macedonia, e-mail: snezana.stojanoska@yahoo.com

 

ПОКАЗАТЕЛИ НА ОТКУПЕНИТЕ КОЛИЧИНИ НА ТУТУН ПО СОРТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во овојтруд е анализиран откупот на ориенталските типови на тутун прилеп, јака, џебел

и басмак по откупни класи и нивната вредност. Истражувањата се извршени во 2006, 2007 и 2008 година. Во структурата на откупот типот прилеп има најголем дел којсе движи од 56,20% во 2008 година до 65,82% во 2006 година. Помал дел има типот јака со учество од 25,68% во 2006 година до 27,70% во 2008 година. Типот басмак најмал дел во откупот има во 2006 година со 8,5%, а најголем во 2008 година со 15,81%. Во структурата на откупот на тутунот по класи тутунот најмногу се откупил во II I IIIA класа. Според просечната откупна цена на тутунот во 2006 година имаме најниска цена од 118,14 денари/kg тутун, во 2007 година таа е повисока и изнесува 140,57 денари/kg тутун и највисока просечна откупна цена се има добиено во 2008 година која изнесува 167,42 денари/kg тутун. Вкупните откупни количини на ориенталски тутун изнесуваат во 2006 година 19,681.162,3 kg, во 2007 година 16.288.439,7 kg и во 2008 година 16.126.379,1 kg. Откупот на дополнителен тутун е симболично во трите години на истражување.

 

Клучни зборови: тутун, прилеп, јака, џебел, басмак