english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ
 тутун 2011
 
Сите упатствата за објавување на трудови ова списание како и можност за претплата можат да се најдат на оваа WEB страница во повеќе.

Годинава ја славиме 62-рата годишнина од издавањето на првото издание на списанието  Тутун/Tobacco и 88 години од основањето на Научниот Институт за тутун Прилеп. За таа цел ќе се потсетиме на долгата историја на ова списание како и влијанието што тоа го направи за развојот на тутунската индустрија во Македонија и пошироко на тероторијата на бивша Југославија. Првиот број на списаниоето  Тутун/ Tobacco излезе во јануари 1951 година Во тоа време производството на тутун во Југославија имаше голем напредок. Сепак голем број на производители на тутун го немаа потебното искуство, се користеа примитивни методи за работа, а научните придобивки беа недостапни како за директните произодители така и за управителите и директорите од производстветните погони за тутун. Четвртата генерација на ученици од Средното тутунско училиште не можеше да дојде до адекватна литература за да ги унапреди теоретските и практичните знаења за тутнот. Во такви услови појавата на професионално списание од областа на тутунската наука беше повеќе од неопходна. Главата цел на списаниете беше да едуцира, но и да ја промовира тутунската индустрија преку публикации со користење на научните истражувања и практичното искуство со цел да овозможи неопходно искуство и за директните производители но и за тутунската индустрија во целост. Треба  да се нагласи дека ова научно списание ги популаризира придобивките и резултатите од научно истражувачката работа за тутунот кај нас, ги изнесува искуствата и постигнувањата на оператувата, објавува прикази од практичните и научните постигнувања од областа во странство и на страниците на списанието ги активира сите стручни сили во борбата за унапредување на тутунската индустрија. За овој период списанието претрпе постојани промени, но секогаш ги третираше актуелните проблеми во времето кога излегуваше. Овие денови реновираното списание е препознатливо не само во Македонија, туку и во речиси сите Балкански држави. Со намера да го направиме списанието подостапно до пошироката научна и професионална публика од 2012 година списанието има и своја web страна за оn-line презентација  на неговата содржина. Најновиот број на списанието е достапен само со еден клик, а за останатите броеви обратете се во делот архива.