english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ

Списанието ТУТУН/TOBACCO претставува единствено списание од тутунската струка и наука во Р. Македонија. Започнува да излегува во Јануари 1951 година како месечно списание. Првите седум броеви излегоа под насловот “TUTUN – DUVAN додека наредните 3 броеви под наслов “TUTUN – DUVAN – TOUTOUN” . Од 1952 до 1961 година списанието беше издавано како  "TUTUN – LE TABAC" и "DUVAN - LE TABAC", за да од 1962 година до сега излегува како “TУTУН/TOBACCO”.Така имаме 61 година на континуирана публикација на ова спиание. Во неговата долга историја списанието излегуваше со променилва динамика од еднаш месечно до двомесечно подочна. Во последните десет години излегуваше квартално, шестмесечно или како годишник. До 1961 година списанието се издаваше двојазично на македонски јазик и на српско-хрватски јазик,а од 1962 до 2010 се издаваше на Македонски јазик со тоа што трудовите на авторите на поранешните југословенски републики се печатат на јазикот на кој се напишани, а останатите земји се печатат преведени на македонски или англиски јазик.
Во 2010 година по повод 60 годишниот јубилеј списанието
ТУТУН/TOBACCO стана интернационално списание со издавачки одбор составен од 27 познати научни работници од 9 земји. Во моментов списането излегува полугодишно (1-6 и 7-12) на англиски јазик со апстракти преведени на македонски јазик. Во изминатите 62 години списанието издаде 329 изданија на 20178 страници.