english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2010

 тутун 2010 pdfs/vol 60 7-12 3..pdf

 

THE INTENSITY OF UPTAKE AND UTILIZATION OF NITROGEN AND CHEMICAL CHARACTERISTICS OF ORIENTAL TOBACCO DEPENDING ON THE RATE OF NITROGEN FERTILIZER

Radka Bozhinova*, Penka Zaprjanova*, Dora Yancheva**

*Tobacco and Tobacco Products Institute, 4108 Markovo, Bulgaria

**Agricultural Experimental Station, 6600 Kirdzhali

 

ИНТЕНЗИТЕТОТ НА УСВОЈУВАЊЕ И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА АЗОТОТ И ХЕМИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРИЕНТАЛСКИОТ ТУТУН ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДОЗИТЕ НА АЗОТНИТЕ ЃУБРИЊА

Во ова истражување е проучувана спецификата на усвојувањето и искористувањето на азотот во текот на вегетацијата и промените во хемискиот состав на тутунот во зависност од дозите на азотно ѓуриво, во услови на стациониран, долгогодишен опит на тутунот во монокултура и континуирано ѓубрење со одредени дози на ѓубриња. За таа цел се поставени черири варијанти, ѓубрени само со азотно ѓубре, со дози од: 0, 25, 50 и 100 kg N/ha. Испитувањата покажаа дека со зголемување на дозите на азотно ѓубре се зголемува интензитетот на усвојувањео и искористување на азотот во текот на вегетацијата, и неговата концентрација во листовите од долниот, средниот и горниот појас. Интензитетот на усвојување на азотот, изразен во mg, за создавање на 1 g сува надземна биомаса во едно деноноќие е најголемо во периодот од расадување до фазата на буен пораст на ориенталскиот тутун. Кајконтролата и варијантата ѓубрена со 25 kg N/ha, најголемата дневна потреба за азот за создавање на надземната маса се јавува од периодот на буен пораст

до созревањето на листовите од долниот бербен појас. При внесување на 50 и 100 kg N/ha, пикот за потребите од азот е во периодот од созревањето на листовите од долниот бербен појас до фазата на бутонизација. При почвено –климатските услови во кои се извршени испитувањата, може да се констатира дека варијантата ѓубрена со 50 kg N/h е оптимална за добивање на тутун чиј хемиски состав одговара за потребите на цигарната индустрија.

Клучни зборови: ориенталски тутун, ѓубрење со азот, усвојување на азот, искористувње на азот