english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2010

тутун 2010 pdfs/vol 60 7-12 2..pdf

 

INHERITANCE AND GENETIC ANALYSIS OF YIELD IN TOBACCO VARIETIES AND THEIR DIALLEL F1, F2 AND BC1 PROGENIES

Ana Korubin – Aleksoska

University”St.Kliment Ohridski”-Bitola, Scientific Tobacco Institute-Prilep,

Republic of Macedonia, e-mail: anakorubin@yahoo.com

 

НАСЛЕДУВАЊЕ И ГЕНЕТСКА АНАЛИЗА НА ПРИНОСОТ КАЈТУТУНСКИ

СОРТИ И НИВНОТО ДИЈАЛЕЛНО F1, F2 И BC1 ПОТОМСТВО

Трудот содржи проучувања за начинот на наследување на приносот на зелена маса и приносот на сува маса по страк, како и нивната генетска анализа, кајшест родителски генотипови тутун (P-23, MB-3, SM-1, YV 125/3, FL-5 и O-87) и нивните 15 F1, и по исто толку F2, BC1(P1) и BC1(P2) дијалелни крстоски. Опитот беше поставен во 2008 и 2009 година на опитното поле од Научниот институт за тутун - Прилеп по случаен блок - систем во четири повторувања, а за време на вегетативниот период беа применети стандардни агротехнички мерки. Целта на истражувањата беше да се проучи генетиката на наследување на приносот на зелена и сува маса, преку одредување на генетските компоненти на варијансата да се определи видот на гените - носители на својствата и да се оцени влијанието на надворешната средина врз нивното манифестирање. Приносот како најважно агрономско својство се наследува првенствено парцијално доминантно. Кајкрстоската MB-3 x YV 125/3 има појава на позитивен хетерозис, а кајFL-5 x O-87 негативен. Генетската анализа на четирите проучувани генерации покажува дека предност имаат адитивни гени во неговото креирање. Резултатите прикажани во трудот ќе дадат сигурни насоки во селекцијата на тутунот.

 

Клучни зборови: тутун (Nicotiana tabacum L.), начин на наследување, хетерозис, генетска анализа, компоненти на генетска варијанса.