english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2010

pdfs/vol 60 1-6 10..pdf

 

BIOLOGICAL EFFECT OF SOME SOIL HERBICIDEs IN Virginia TOBACCO

Shteliyana Kalinova
Agricultural University – Plovdiv, Bulgaria, e-mail: s_kalinova@yahoo.com

 

БИОЛОШКИОТ ЕФЕКТ НА НЕКОИ ПОЧВЕНИ ХЕРБИЦИДИ ВРЗ ТУТУНОТ ОД ТИПОТ ВИРЏИНИЈА

Во селото Караџалово, Бугарија (2008-2009) извршен е рандомизиран полски експеримент со 4 почвени хербициди на алувијално-ливадска почва со тутун од сортата вирџинија 0454 (на површина на која претходно е одгледувана пченица): Devrinol 4F со доза од 4,0 l/ha (а.м. napropamide); Pronin 720 EC со доза 2,5 l/ha (а.м. propizohlor); Stomp (New) 33 EC со доза од 4,0 l/ha (а.м. pendimethalin); Harness со доза од 1,5 l/ha и 2,5 l/ha (a.m. acetochlor). На третираните површини беше извршено едно механизирано меѓуредовo окопување и едно рачно окопување во редовите. Во контролата без хербициди беа извршени 2 механизирани и 2 рачни окопувања на почвата. Препаратите беа аплицирани 24 часа пред расадувањето на тутунот, без инкорпорација. Stomp (New) 33 EC со доза од 4,0 l/ha и Pronin 720 EC со доза од 2,5 l/ha имат добра до одлична ефикасност против едногодишните плевели. Пендиметалинот и пропизохлорот овозможија зголемување на приносот од 39,58% до 40,47 %, како и зголемување на процентот на 1-та класа на тутунот во просек од 6,5 %. Кога условите за раст и развиток на вирџинијата Примената на почвените хербициди пред садењето на тутунот овозможува намалување на рачните и механизираните окопувања, без какви било негативни ефекти на културата.

Клучни зборови: хербициди, Devrinol 4F, Stomp 33 EC, Harness, Pronin 720 EC, тутун од типот вирџинија, плевели