english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2011

 

 Karolina Kocoska, Ilija Risteski pdfs/vol 61 1-6 6. 41-48p.pdf

 

 

BIOLOGICAL CHARACTERISTICS OF ALTERNARIA ALTERNATA IN TOBACCO

Biljana Gveroska1, Petar Jovancev2

1 University”St.Kliment Ohridski”-Bitola, Scientific Tobacco Institute-Prilep

Kicevski pat bb, 7500 Prilep; e-mail: gveroska@t-home.mk

2Faculty of Agricultural sciences and food - Skopje

 

БИОЛОШКИ ОСОБИНИ НА ALTERNARIA ALTERNATA КАЈ ТУТУНОТ

Болеста кафена дамкавост на тутунот во Р. Македонија предизвикува штетни економски

ефекти главно поради нарушување на квалитетот на тутунската суровина. Поради тоа, за решавање на проблемите поврзани со оваа болест во наши услови, неопходно е проучување на предизвикувачот - патогената габа A. alternata. Поради широкиот круг на домаќини и големата улога на еколошките фактори врз појавата и ширењето на болеста, со овие истражувања сакавме да испитаме какво е влијанието на истите врз биологијата на овојпатоген. Проучувано е влијанието на хранливата средина, температурата и светлината врз процентот на из’ртени конидии и начинот на ‘ртење на конидиите. Притоа беше констатирано дека тие ‘ртат подобро во средините побогати со хранливи материи. Конидиите из’ртеле во најголем процент во сок од тутун, а најбрзо во сок од домат.

Зголемувањето на температурата позитивно влијае врз ‘ртењето на конидиите, а оптималната температура изнесува 28оС. Исто така, конидиите ртат подобро во темни услови, отколку на светлина. Бидејќи проучувањето на одредена болест се заснова врз првичниот пристап кон патогенот и, поконкретно, неговите биолошки особини, сметаме дека овие истражувања се од особен интерес за проучување на патологијата на болеста кафена дамкавост и дека ќе придонесат за преземање на превентивни мерки за заштита од неа.

Клучнизборови Alternaria alternata, тутун