|
pdfs/vol 60 7-12 6..pdf
TOBACCO REACTION TO TOXIC METABOLITES OF THE
PATHOGEN
PHYTOFTHORA PARASITICA VAR. NICOTIANAE
Petre Taskoski, Gordana Miceska, Miroslav
Dimitrieski
University”St.Kliment Ohridski”-Bitola,
Scientific Tobacco Institute-Prilep
Kicevski pat bb. 7500 Prilep, Macedonia,
e-mail: ptaskoski@t-home.mk
РЕА КЦИЈА
НА ТУТУНОТ СПРЕМА ТОКСИЧНИТЕ МЕТАБОЛИТИ ОД
ПАТОГЕНОТ
PHYTOFTHORA
PARASITICA VAR. NICOTIANAE
Во фитопатолошката
лабораторија како и во in
vitro
лабораторијата при Научниот
институт за тутун од Прилеп, вршени
се испитувања за присуството на токсични материи во
инокулумот од патогенот
Phytophthora
parasitica var. nicotianae
како и на нивното влијание
врз тутунското растение,
oдносно
дали овие токсични метаболити причинуваат одредени
некротични реакции или други
оштетувања кајрастението-домаќин. Направена е споредба
на симптомите коишто се појавија како резултат на
влијанието на токсичните метаболити и
симптомите причинети од самиот патоген. Како инокулум беа
користени суспензија пoдготвена од
мицелија на габата и филтрат како селективен агенс добиен од
габата одгледувана на течна хранлива
подлога, којпотоа е филтриран низ филтер-хартија и бактериолошки
филтер со порозност од 0,22 микрона.
За испитување беа користени листови од видот
N. nesophila
и
листови од две ориенталски и една
берлејска сорта од
N. tabacum.
Инокулирањето е извршено
со
поставување на капка од инокулумот на површината од листот и со
потопување на основата од листот во
користениот инокулум. Кајинокулираните листови по двете методи
(со капка и со
потопување) и со двата инокулума, можеше да се забележи разлика
во развојот на некрозата која
се
појавуваше по површината на листовите. Некрозата се ширеше многу
побрзо кајлистовите
кои беа
инокулирани со суспензија подготвена од мицелија на патогенот,
каде и процентот на
оштетено
лисно ткиво беше повисок, а побавно кајлистовите инокулирани со
селективниот
агенс.
Симптомите појавени по површината на листовите причинети од
токсичните метаболити
на
патогенот не се разликуваа од оние кои беа причинети од самиот
патоген. Целта во ова
истражување беше да се провери инфективноста на токсичните
материи што ги ослободува
патогенот
и разликата во оштетената лисна површина причинета од двата
користени инокулума.
Клучни зборови:
тутун, патоген, токсини,
инокулум, суспензија
|
|