МОРФОЛОШКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРЕДИЗВИКУВАЧОТ НА БОЛЕСТА
КАФЕНА ДАМКАВОСТ ВО ПРИРОДНИ УСЛОВИ
Alternaria alternata
е доста варијабилен вид, чии морфолошки
карактеристики можат да
зависат од влијанието
на еколошките фактори. Најчесто, мерењата се вршат во чиста
култура од габата. Но, целта на овие
истражувања беше да се дадат податоци за нејзините морфолошки
карактеристики во природни услови, односно во инфицирани
тутунски листови. При микрскопските
мерења беше утврдено дека во овојслучајтаа има потенки хифи,
а конидиофорите се пошироки и подолги отколку во чиста
култура. Исто така и конидиите се со
поголеми димензии, со поголем бројнапречни и надолжни септи, а
имаат и коси септи. Формираат подолги
низи, со 3-7 конидии.