english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2010

 

  pdfs/vol 60 1-6 7..pdf

TOBACCO ETCH VIRUS-TEV ON TOBACCO IN BULGARIA

Yonko Yonchev, Hristo Bozukov, Elisaveta Stojmenova, Gancho Pasev

Tobacco and Tobacco Products Institute, 4108 Markovo, Bulgaria,

e-mail: ionkogi@abv.bg

 

ВИРУС НА ГРАВИРАНИОТ МОЗАИК (TOBACCO ETCH VIRUS-TEV) НА ТУТУНОТ ВО БУГАРИЈА

Во овојтруд е дадено научно соопштение за присуство на вирусот на гравираниот мозаик на тутунот во Бугарија.Во текот на 2011 година се изврши имунолошки истражувања за докажување на присуството на вирусот на гравираниот мозаик (TEV) на тутунот во Бугарија. Земeни се проби од 12 тутунски растенија, и тоа 5 од типот вирџинија и 7 од типот берлеј од опитното поле од Институтот за тутун и тутунски производи од Пловдив (с. Марково). На изолатите е извршен ELISA-тест (имунолошки тест) за серолошко дијагностицирање на PVY и TEV вирусот, кои предизвикуваат слични симптоми на тутунските растенија. Три изолати (проби) од типот вирџинија покажаа позитивни серолошки резултати и на двата вируса, PVY и TEV. Еден изолат од типот вирџинија покажа реакција (+)(-) кон TEV и негативна кон PVY. Еден изолат од типот Берлејнегативно реагира на двата вируси. Во борбата со ова заболување се препорачува уништување на плевелите околу тутунските површини и навремена борба со инсектициди против лисните вошки.

 

Клучни зборови: вирус на гравираниот мозаик-ТЕВ, Елиса-тест, PVY, вирџинија, берлеј