|
pdfs/vol 60 1-6 4..pdf
INFLUENCE OF SOME SOIL PARAMETERS ON Cu AND Zn
CONTENTS IN THE ORIENTAL TOBACOO
Valentina Pelivanoska, Kiril Filiposki,
Biljana Jordanoska
University “St.Kliment Ohridski”-Bitola,
Scientific Tobacco Institute-Prilep,
Republic of Macedonia e-mail:
vpelivanoska@yahoo.com.
ВЛИЈАНИЕ НА НЕКОИ
ПОЧВЕНИ ПАРАМЕТРИ ВРЗ СОДРЖИНАТА НА Cu
И Zn ВО ОРИЕНТАЛСКИОТ ТУТУН
Концентрациите на металите во почвата се
поврзани со геохемиските и биолошките,
циклуси, како и антропогените влијанија, пред сéиндустриските и
земјоделските активности, транспортот
и управувањето со отпадот. Тутунот лесно може да акумулира некои
тешки метали во своите листови. Цели
на оваа студија беа одредувања на концентрациите на бакар и цинк
во листовите ориенталски тутун произведен во различни
производни реони од Македонија, како и
утврдување на влијанието на поважните почвени (хемиски и
физички) параметри врз концентрацијата
на истите. Содржината на тешките метали во тутунот е под
влијание на многу фактори меѓу кои:
типот на почвата, почвената реакција, примената на пестициди кои
содржат метали, како и од третирањето
на почвата, вклучувајќи ги ѓубрињата и бербениот појас. За
реализација на поставените цели беа земени 50 почвени
примероци од различни локации во
Македонија, семејни фарми кои одгледуваат ориенталски тутун.
Направена е корелација меѓу почвените
параметри и вкупната концентрација на Cu и Zn од трите бербени
појаси (долен, среден и горен) на
тутунското стебло. Добиените резултати покажуваат дека постои
силна корелација меѓу концентрациите на двата испитувани метали
во трите појаси и дека акумулацијата на овие метали во
тутунските листови не е под влијание на нивната содржина во
почвата. Концентрација на Cu и Zn во испитуваните почви и тутун
е под дозволените граници.
Клучни зборови:
Cu, Zn, корелација, почвени параметри,
тутун
|
|