english македонски 
НАСЛОВНА ИСТОРИЈАТ НАЈНОВ ПРИМЕРОК АРХИВА КОНТАКТ


тутун 2011

 

pdfs/vol 60 1-6 2..pdf

 

TRANSMISION OF RESISTANCE TO TOBACCO MOSAIC VIRUS (TMV) IN SOME ORIENTAL TOBACCO VARIETIES

Miroslav Dimitrieski

University”St.Kliment Ohridski”-Bitola, Scientific Tobacco Institute-Prilep,

Republic of Macedonia, Kicevska bb, 7500 Prilep, e-mail: miroslavdimitrieski@yahoo.com

 

 

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТА КОН ОБИЧНИОТ МОЗАИК ВИРУС (TMV)

КАЈ НЕКОИ ОРИЕНТАЛСКИ СОРТИ ТУТУН

Целта на овие истражувања е да се проучи и прикаже начинот на пренесување на својството отпорност кон обичниот мозаик вирус (TMV) кајнекои комерцијализирани ориенталски сорти тутун по методот на повратно вкрстување. Како почетен материјал при вкрстувањето се користени странски ориенталски сорти отпорни на вирусот (АА) и неотпорни сорти-примачи на својството отпорност (аа), кои во однос на другите квалитетни и производни својства се добри за откупувачите. Во F1 е добиено отпорно хетерозиготно потомство (Аа), кое повратно се наситува со полен од сортата примач (аа). Во првата повратна генерација (BC1), како и во останатите генерации до BC4 и, BC5, земани се отпорни растенија кои по својот фенотип се поблиску до сортата-примач и повторно беа наситувани со полен од сортата-примач на ова својство. За инокулација на растенијата од одделните хибридни генерации се користеше инфективен сок од мозаични тутунски растенија, а заразувањето е извршено по методот на Терновский.

 

Клучни зборови: тутун, ориенталски сорти, пренесување на отпорност на TMV, повратно вкрстување